Среќата ги следи храбрите – Како Металург РА дојде до бод против Текстилец (ВИДЕО)

Екипата на Металург РА имаше интересна средба против Текстилец и во натпревар со 66 погодоци ги поделија бодовите откако беше постигнат гол буквално во последната секунда од средбата. Металург РА имаше напад за реми, но не го реализираше. Меѓутоа потоа со пресинг беше пресечена топка, а Неданоски биеше со сета сила од десетина метри. Голманот на Текстилец одбрани, но при одбраната се најде на паркетот. Топката доби чудно движење, па откако отскокна од паркетот се најде во голот за голема радост на домашните.