Спектакуларен пречек на Хансен и колегите во Копенхаген (ВИДЕО)

Селекцијата на Данска со триумфот над Франција од 34:29 во големото финале на 28-то Светско првенство ја одбрани титулата светски првак. Избраниците на Јакобсен после незаборавната ноќ, денес на пладне слетаа на аеродромот во Копенхаген, каде ги чекаа многу нивни навивачи и поддржувачи. Хансен и колегите продолжија во градското собрание во Копенхаген, а по средбата со локалните власти, освоената светска круна ја прославија со околу 10.000 навивачи.