четврток, септември 5, 2024

Сладок триумф на кавадарчани за бериќетна сезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш имаа победнички старт на новата суперлигашка сезона, откако на домашен терен славеа против незгодниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со 28-26. Иако гостите парираа во поголем дел од мечот, кавадарчани имаа контрола на резултатот и на крајот заслужено ги освоија првите бодови сезонава. Новите засилувања на кавадарчани си го наоѓаат полека местото во тимот на Никола Матлиески, а битолчани покажаа дека и оваа сезона предводени од новиот стратег Михаил Петровски, ќе бидат тврд орев за фаворитите. Кавадарчани во следното коло гостуваат кај Аеродром, додека Еурофарм Пелистер 2 игра дома со Скопје.