СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Македонија против Русија на ЕП 98 – му откинавме бод на европскиот и светскиот првак! (ВИДЕО)
Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од Европското првенство во Италија во 1998 година меѓу Македонија и актуелниот светски и европски првак Русија. Иако нашите ракометари губеа во текот на целиот меч и имаа негатива, на крајот успеаја да стигнат до бод. Селектор на нашата репрезентација беше Ванчо Јовановски, а во Мерано играа следните ракометари: Пепи Манасков, Стевче Алушовски, Игор Котевски, Александар Зарков, Иван Марковски, Александар Јовиќ, Томче Петрески, Слободан Николиќ, Душан Новокмет, Урош Мандиќ, Горан Андоноски, Кире Поповски, Драган Богдановиќ, Шандор Ходик, Стефче Стефановски и Данило Брестовац.