СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Кога Ристовски, Миркуловски, Кузманоски…се бореа за финале на ЕП! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од полуфиналето на младинското ЕП во Полска одигран на 17 август во 2002 година меѓу Македонија и Полска. Вистински трилер натпревар кој мораше да биде решен во продолженија, иако нашите момци имаа шанса за победа во регуларниот дел. Натпреварот на крајот го доби домаќинот Полска со 33-31. Нашите младинци кои заминаа како аутсајдери на ЕП но ги победија Чешка, Данска, Португалија, ремизираа со Југославија и стигнаа до полуфиналето. Македонија - Полска 31-33 (12-6) Спортска сала на Универзитет во Гдањск. Гледачи околу 1.500. Судии: Крстиќ и Љубиќ, и двајцата од Словенија. Македонија: Ристовски (одбрани 19 удари), Бетувски, Јовчевски, Локвенец, Трајковски, Димковски 9, Когој, Стоилов 1, Митевски, Миркуловски 3, Шеќеровски, Стојковски 4, Кузмановски 7, Арнаудов 7. Селектор: Илија Темелковски. Седмерци: 5/8. Исклучувања: 12 мин. Процент на реализација: 31/58. Полска: Швиркула (одбрани 21 удар), Маковка, Јанушевски 1, Кучшунски 4, јуркиевич 8, Глински, Новак, Салами 4, Грабарчук 3, Ниедошпиал 6, Љевски 2, Швиерад 3, Биелецки 2, Золтан. Тренер: Војчек Новински. Седмерци: 2/6. Исклучувања: 14 мин. Црвен картон: Грабарчук поради 3 исклучувања.Процент на реализација: 33/65