СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Кога Македонија ги „спакува“ Дибиров, Чипурин, Атман, Растворцев…(ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Македонија и Русија од Светското првенство во Хрватска во 2009 година, последен од групната фаза на Мундијалот, што го добивме со 36-30. Со оваа победа нашата селекција обезбеди место во главната рунда, меѓу најдобрите 12, додека Русија ја испративме во Президент Куп. Најдобар стрелец кај Македонија беше Кире Лазаров со 13 погодоци, додека исто толку за Русија постигна Игропуло...