СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Историја е напишана, Македонија со највисок пласман на ЕП! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот за пласман на ЕП 2012 година меѓу Македонија и Словенија, кој заврши во наша корист, 28-27. Словенците го имаа последниот шут на натпреварот преку Себастиан Скубе, но тој беше одбранет од Ристовски. Победата ни го донесе историското петто место на ЕП, кое и денеска е ненадминато. Лазаров беше најдобар со осум голови, а Стоилов даде шест. На оваа средба за Македонија настапија Борко Ристовски, Петар Ангелов, Стевче Алушовски, Дејан Манасков, Златко Мојсоски, Владимир Темелков, Бранко Ангеловски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, а селектор беше Звонко Шундовски.