Ристовска повторно меѓу најдобрите, има Топ 5 погодок во ЛШ (ВИДЕО)

Репрезентативката на Македонија и членка на ЦСКА Москва, Сара Ристовска, во рамките од 10. коло од Лигата на шампионите одигра солидна партија против актуелниот европски шампион, Вајперс Кристијансанд. На овој натпревар подобра беше екипата од Норвешка, која триумфираше со 32:28. Ристовска натпреварот го заврши со четири постигнати погодоци, а еден од нејзините погодоци влезе во традиционалниот избор на ЕХФ за еден од најдобрите во рамките од 10. коло. Ракометарката од Македонија се најде во друштво на Лариса Нусер (Оденсе), Жаклин Морено (Борусија Дортмунд), Кристина Неагу (ЧСМ Букурешт) и Маркета Јерабкова (Вајперс Кристијансад).