Прво па машко за Скопје 2020, прволигашки пехар и суперлигашко место (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампион – Скопје 2020 (Прва машка лига)

Екипата на Скопје 2020 победи со 30:26 на гостувањето кај Шампион и дојде до директен пласман во Супер машката лига.

Екипата на Скопје 2020 дојде до победа од 30:26 против Шампион на клучниот натпревар за пласман во Супер машката лига. Ракометарите на Скопје 2020 беа во предност во поголемиот дел од натпреварот и на крајот се радуваа на место меѓу суперлигашите. Средбата имаше интересен тек, но Шампион не успеа да се избори за нешто повеќе, па остана да се обиде во баражот да обезбеди пласман. Вака ракометарите на Скопје 2020 кои се кадети дојдоа до победа и на крајот се радуваа на место во Супер лигата.