Пелистерци по 16 години однесоа трофеј во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Е.Ф. Пелистер супер куп 2021

После 16 години, екипата на Еурофарм Пелистер се радуваше на трофеј во домашно натпреварување откако денеска дојде до победа од 31:22 против Вардар во натпреварот од Супер купот на Македонија во натпревар во кој во второто полувреме тимот од Битола имаше доминација и постојана висока предност. Двете екипи многу веројатно ќе се сретнат и во финалето на Струшкиот турнир, па нема да чекаме долго време за нов меѓусебен двобој.