Пандев, Георгиевски, Арсова…ќе навиваат за Македонија на ЕП (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија утре во СЦ„Борис Трајковски“ од 18:00 часот го стартува настапот на Европското првенство против селекцијата на олимпискиот првак Франција. Поддршката за нашите девојки доаѓа од сите страни, а меѓу оние што ќе навиваат за Македонија се легендарниот Горан Пандев, сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, потоа Илина Арсова, Емил Павлов, Мери Акиевска...