Павле Атанасијевиќ со шрауба ги „почести” Хрватите (ВИДЕО)

Македонија го игра првиот натпревар на ХЕП Купот против Хрватска. Токму натпреварот со домаќинот е посебна инспирација за секој од македонските ракометари. Македонија одлично им парира на ,,коцкестите", а добрата игра Павле Атанасијевиќ ја круниса и со атрактивен потег. Во својот специфичен продор успеа да постигне несекојдневен гол од свртување, ги надмудри противничките играчи и голманот Шуниќ.