Охрид сака да биде „македонски Келн“ (ВИДЕО)

Охрид повеќепати досега бил организатор на завршница на Куп натпревари, Супер Куп па и настапи на репрезентацијата. Сезонава охриѓани се пријавија да бидат повторно организатори, но посакуваат во иднина салата во СЦ „Билјанини Извори“ да биде место каде традиционално ќе се играат мечевите од Куп завршницата. „Беше сатисфакција да се организира. Се надеваме ќе прерасне во традиција, во Охрид да се одржува Купот и наредните години, вели Славчо Ристески, спортскиот директор на РК Охрид и организаторот на Ф4 на Купот на Македонија.