Нова мајсторија на Скубе – Го исфрли Дика Мем и погоди со вртенка (ВИДЕО)

Ракометарите на Мешков Брест одиграа одличен натпревар, но, сепак, беа поразени од Барселона со 29:33. Поранешниот вардарец, Сташ Скубе имаше фантастичен настап за овој натпревар, освен што ги разигруваше своите соиграчи успеа да реализира и три гола. Вториот беше чиста мајсторија на Словенецот. Скубе се ослободи со приуета од Дика Мем, а потоа изведе трик удар со вртенка која беше неодбранлива за Мелер. Во следното видео може да го погледнете голот на Скубе.