Ни бура, ни тајфун: Хрватите во финишот бркаа, Јапонците бранеа (ВИДЕО)

Хрватска беше непријатно изненадена на стартот на Мундијалот откако ремизираше со Јапонија на 29-29. Хрватите имаа и шест голови негатива во првиот дел, а првото водство по воведните 1-0 го направија во 53та минута. Додека Червар менуваше за да ја пронајде идеалната бековска линија, дисциплинираните Јапонци ја користеа секоја шанса. Хрватите имаа две шанси во финишот на натпреварот да ја преземат контролата над резултатот, но грешките и непрецизниот шут им создаде дополнителни проблеми. Затоа Чупиќ на неколку секунди до крајот од пенал мораше да реализира за поделба на бодовите во натпреварот од Група Ц.