Несекојдневна ситуација на терен – судијата поради повреда бараше замена (ВИДЕО)

На Светското првенство во Египет се случи несекојдневна ситуација на ракометните терени. За време на натпреварот помеѓу Катар и Ангола, португалскиот судија Роберто Фонсека на средината од второто полувреме поради повреда мораше да бара замена од друг судија. ИХФ беше спремна и за вакви ситуации и по неколку минути натпреварот успешно продолжи, откако на терен влетаа резервните судии од Алжир, Белкири и Хамиди.