Нервите попуштија во финишот – го удри противникот во лице, си доби син картон (ВИДЕО)

Репрезентациите на Австрија и Чиле одиграа многу неизвесен натпревар во Президент купот и на крајот се радуваа Австријците откако со пресврт триумфираа со 33:31. Чиле беше во предност во најголемиот дел од мечот, а во финишот ја изгубија предноста и беа поразени. После ваквиот развој на настаните нервите не издржаа и Чилеанецот Салинас во последниот напад удри еден противнички играч во лицето по што следуваше голема мешаница на теренот. Епилогот од овие случувања беше син картон на Салинас. Погледнете во видеото што се случуваше во завршницата на овој натпревар...