Недановски: Вардар секогаш бил фаворит во Струга и никогаш не губел од екипи како Целје, Татран Прешов…(ВИДЕО)

Екипата на Вардар ја освои 4. позиција на Струшкиот турнир, откако во натпреварот за трето место беше поразена од словачкиот шампион Татран Прешов, со резултат 26:24. Тренерот на Вардар, Владо Недановски, по натпреварот даде свое видување за настапот на црвено-црниот“ тим на турнирот во Струга, истакнувајќи дека екипата располага со само неколку искусни ракометари, а поголема шанса во иднина ќе имаат младите играчи од ростерот. Целосната изјава на Недановски погледнете ја во видео прилогот...