Неготино слави – После 20 години пак во Супер лига (ВИДЕО)

Во Неготино се слави влезот на Вардар во Супер лига, откако го победија Голден Арт со 31-26. За теоретска заверка на место меѓу најдобрите 16 во Супер лигата на неготинчани им треба уште една победа во следните три кола. По 20 години во Неготино повторно ќе гостуваат најдобрите македонски екипи. Со оглед на досегашните резултати, повеќе од сигурно е дека Вардар Неготино ќе игра меѓу најдобрите, а навивачите уште отсега почнаа со славењето....