Најдобри кога најмногу треба – Македонија повторно во одбрано друштво (ФОТОГАЛЕРИЈА)

makedonija – ceshka 17-04-2022

Обезбедено е уште едно Светско првенство, во Скопје падна Чешка за продолжување на континуитетот со настапи на големите натпреварувања. По ремито во Злин на домашен терен денес одигравме одново одличен натпревар во кој запишавме заслужена победа од 27:25. Полните трибини во СЦ „Борис Трајковски“ сигурно беа дополнителен мотив за македонските ракометари да донесат нова радост на публиката. Учеството на Мундијалот во Полска и Шведска ќе биде 12. големо натпреварување за нас во низа и вкупно 15....