Младинките имаа победа в џеб, но на крај се задоволија со реми (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Фарски Острови У19 жени

Македонија не успеа да ја искористи постојаната предност против селекцијата на Фарските острови и мораше да се задоволи со еден поен во тешкиот натпревар кој заврши со 24:24. Иако ракометарките на Фарски острови ја загубија топката следуваше напад за победа на нашата селекција, но дојде до прекомбинирање, а топката заврши во аут, па мораше да се спасува реми. Фарски острови имаа осум секунди за напад. На крајот беше 24:24 и двете селекции мораа да се задоволат со по еден поен. Јанкуловска со осум, Џатевска со пет и Миновска и Арсениевска со по четири беа најефикасни во Македонија