Мицевска е македонската хероина – еве ја одбраната за триумф над јужниот сосед (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија ја оствари третата победа во квалификациите за Светското првенство откако во третиот натпревар ја совлада Грција со 20:19. Младата 20 годишна голманка Јована Мицевска имаше уште едно одлично издание на голот на Македонија, во текот на сите 60 минути ги излудуваше противничките ракометарки а во последните моменти од мечот забележа и клучна одбрана. После тајмаутот грчките репрезентативки направија вишок и чиста позиција на крило, но Мицевска уште еднаш стапи на сцена и го сочува својот гол. Одбраната можете да ја погледнете во следното видео...