Мат во два потега: Ристовски преку цел терен асистира, Георгиевски во трк реализира (ВИДЕО)

Машката ракометна репрезентација на Македонија во овие моменти го игра вториот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. Избраниците на Данило Брестовац водат со 6-7 против селекцијата на Чешка, а последниот погодок беше дело на Гоце Георгиевски. Чесите згрешија во еден напад, Борко Ристовски ја собра топката, го проиггра десното крило преку цел терен, а овој погоди во мрежата на Галиа.