Дејан Манасков со свој потпис и во Пореч: Атракција „А ла Манасков“ и за Хрватите (ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија игра добро прво полувреме против домаќинот Хрватска, во рамките на Хеп Кроација купот кој овој викенд се одржува во Пореч. Македонските ракометари играат добро, посебно во нападот каде одличен е искусниот Дејан Манасков кој го полни хрватскиот гол. Покрај ефикасноста, играта на македонскиот национален тим изобилува и со атракци, а таква беше и акцијата на Дејан Манасков кој по една пресечена топка во контра на само својствен начин зад грб, го совлада хрвастскиот голман. Погледнете ја атракцијата на Манасков со која остави свој препознатлив потпис и во Пореч на ХЕП Купот.