Македонија падна на првата пречка, но на мака (ќе) се познаваат јунаците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Грција М19

Машката кадетска репрезентација на Македонија стартуваше со пораз на ЕХФ шампионатот во Скопје. Избраниците на Кире Лазаров загубија од јужниот сосед Грција со 26-30. Следен предизвик за Македонија по ден одмор ќе биде двобојот со селекцијата на Полска, в четврток од 15:00 часот во СЦ "Борис Трајковски", на кој ќе ни биде потребна победа за да обезбедиме место во полуфиналето.