Магија од Италија – гол што ќе ве натера да го погледнете повеќе пати! (ВИДЕО)

Oд Италија ни пристигнува еден од најубавите голови постигнати оваа сезона. Ракометарот на Камус Италија во натпреварот против Касалгранде, Томи Де Ангелис успеа да постигне гол каков што не се гледа често на ракометните терени. Де Ангелис ја прифати топката од својот голман пред противничкиот петерец и додека беше во лет изведе вистинска магија. Мајсторија за која нема потреба да се трошат премногу зборови, веруваме видеото ќе ве натера да го изгледате неколку пати...