Магична вечер во Битола, победнички танц на пелистерци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Кадетен (Лига на Европа)

Победата од 27:26 против Кадетен овозможи тимот на Еурофарм Пелистер да се најде во одлична позиција во трката за осминафинале во Лигата на Европа, а ситуацијата е таква што тимот има шанси да финишира и на првото место. За сигурно место во осминафинале е потребен уште само бод кој треба да биде освоен во последните две кола. Инаку, денеска момците одработија одличен натпревар и покажаа дека знаат како до успех. Победата од 27:26 покажа дека пелистерци знаат како и кога е најтешко, па дефинитивно се на вистинскиот пат.