Лесјак: Бевме спремни на сѐ, голем ден за битолскиот ракомет!

Словенечкиот репрезентативец Урбан Лесјак вечерва беше на висина на задачата во дуелот со Вардар, дуел кој директно одлучуваше за титулата. Победата на Еурофарм Пелистер од 26-23 значи дека Македонија по две кола ќе има нов првак. После 18 години Битола повторно се радува, а значењето на оваа победа ја опиша и голманот на Еурофарм Пелистер, Лесјак. -"Ова е голем ден за битолскиот ракомет. Знаевме дека не можеме да газиме екипа како Вардар шеесет минути, одигравме добар натпревар, бевме подготвени на се, на падот во нашата игра, на нивната добра игра и во ниту еден момент не се изгубивме. Денес ќе прославиме, утре ќе одмориме од понеделник одиме со подготовки за Купот.“