Лазаров: Ќе се обидеме да го запреме Стеинс (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија денес го игра вториот натпревар на Светското првенство 2023, кое се одржува во Полска и Шведска. Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Холандија, која во првото коло убедливо ја совлада Аргентина. Селекторот на Македонија, Кире Лазаров истакна дека Македонија на денешниот натпревар ќе се обиде да го запре средниот бек на Холандија, Лук Стеинс, кој е алфа и омега во таборот на ,,лалињата". Кои се очекувањата на Лазаров за дуелот против селекцијата на Штафан Олсон, може да погледнете на видео прилогот...