Лазаров: Имам идеја и стратегија – од играчите ќе барам да ги спроведеме на дело (ВИДЕО)

Македонската сениорска репрезентација од денеска ги стартува подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. Првиот дел ќе се одвива во Маврово, каде што ќе бидат одиграни два меча со Црна Гора, додека вториот дел ќе биде во Скопје и во Пореч, каде што ќе се одиграат уште две средби против Хрватска и Израел. Селекторот Кире Лазаров го откри планот на подготовките. Неговата изјава погледнете ја во видео прилогот...