Лазаров за 24Ракомет ТВ: Некогаш е добро да паднеш, па да знаеш како да станеш (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија денеска го игра последниот натпревар на ова Европско првенство, а против Данска е сосема јасно дека противникот влегува како голем фаворит. Пред овој дуел селекторот Лазаров говореше за она што се случи против Црна Гора и за очекувањата од денешниот натпревар на кој ќе може да се одигра без притисок и во најдобро издание за да се дојде до посакуваното. Зборуваше и за искуството на овој тим и за тоа колку недостигаат играчите кои го понесоа товарот во квалификациите. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.