Лазаров за 24Ракомет ТВ: Задоволен сум, ќе бидеме сè подобри и подобри (ВИДЕО)

 

 

 

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, после првиот натпревар против Србија имаше свој коментар за она што беше покажано на теренот. Тој го даде своето видување за прикажаното и очекува утре да биде уште подобро на втората средба. „Задоволен сум. Ова се млади момци кои допрва треба да ја презентираат нашата држава. Влегоа импресионирано. Има дел од нив кои не играат многу во своите клубови. Во кратки црти, јас сум задоволен и задоволен сум од тоа како се одвиваа ротациите. Ќе бидеме сè подобри и подобри“, изјави селекторот Лазаров за 24 Ракомет ТВ Комплетната изјава на Лазаров можете да ја погледнете во видеото.