Кога шутира Микел Хансен, ниту жив ѕид не помага (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска лесно се справи со Катар во првото коло од главната фаза и славеше сигурна победа со 32:23. Натпреврот го одбележа Микел Хансен кој ја водеше својата репрезентација до победата со осум гола. Најдобриот играч на Данците со истекот на времето на полувреме имаше удар од слободен удар кој го изведе перфектно. Иако живот ѕид на Катар се приближи тоа не влијаеше Хансен да постигне погодок. Колку добар беше ударот потврдува и изразот на лицето на голманот на Катар. Погледенете ја мајсторијата во видеото....