Кога ништо друго не функционира: Стоилов до Дибиров и магија… (ВИДЕО)

ППД Загреб има негатива од четири голови пред возвратниот дуел од четвртфиналниот двобој во СЕХА лигата. Вардар пред своја публика одигра добар натпревар, со многу падови и блесоци, а резултатската нишалка ја одредуваа нијанси. Поранешниот вардарец Чупиќ од контра ги донесе своите „бели“ во негатива од само гол на неколку минути до крајот, но дел од магичниот состав на Вардар кој двапати го потресе ракометниот свет со титула во Лигата на шампионите остана и во Скопје.

Разлика се истопи, Загреб е во опасната зона да израмни, гостите имаа моментум, мотив, желна и цврста одбрана и тогаш Стоилов од наизглед безилезна ситуација асистира кон левиот бек Тимур Дибиров и Вардар повторно е во безбедната зона…

Шампионското дуо покажа зошто Вардар сè уште има што да каже во регионот и во Европа.