Како што само тој знае и умее – атракцијата на Дибиров што му донесе трофеј на Вардар! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако го победија големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-24. На минута и пол до крајот на мечот беше 24-23, а руското лево крило Тимур Дибиров се чини дека го постигна решавачкиот погодок. Како што само тој знае и умее, од тежок агол погоди со вртенка во мрежата на битолчани и победникот веќе беше решен. Погледнете....