Како Македонија направи пресврт – Митревски бранеше, Кузмановски погодуваше (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија во последниот квалификациски натпревар ја совлада Швајцарија со 29:28, а во голем дел од натпреварот гостите беа во водство. Сепак трпеливата игра на нашата репрезентација донесе резултат и со пресврт во второто полувреме нашите репрезентативци обезбедија победа. Едни од најзаслужните беа голманот Никола Митревски и Филип Кузмановски. Одбарните на Митревски средниот бек во напад ги претвараше во голови со што нашата репрезентација направи пресврт. Во следното видео погледнете ги клучните моменти од натпреварот кога Македонија го правеше пресвртот...