Илиќ за 24Ракомет ТВ: Македонскиот ракомет има светла иднина (ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија во Ниш игра две пријателски средби со селекцијата на Србија. Двајцата селектори во ростерот имаат многу млади и неискусни ракометари, но вчера тоа не беше пречка за убава ракометна престава. Едно од познатите лица во српскиот состав е Вања Илиќ, кој играше за Работнички и Металург. „Селекцијата на Македонија во својот состав има многу млади и квалитетни ракометари, но и покрај тоа покажа дека има убава и светла иднина“, вели Илиќ за 24Ракомет ТВ. Целосната изјава на Илиќ погледнете ја во продолжение...