Зорман заборави дека е исклучен Доленец, бараше да организира акција (ВИДЕО)

Репрезентација на Словенија во последното, трето коло, од главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска славеше убедлива победа против Црна Гора со 31:23 (15:8). Селекторот на Словенија, Урош Зорман во текот на целиот натпревар правеше ротации и им даваше шанса на помладите играчи. Стратегот пред финишот побара тајм-аут и сакаше Јуре Доленец да организира акција, но споменатиот ракометар беше исклучен. Зорман имаше заборавено на таа информација, па словенечкиот репрезентативец го поправи истакнувајќи дека не може, бидејќи не е во игра.