Еурофарм Пелистер пристигна во Струга по нов трофеј (Фотогалерија)

Актуелниот македонски вицепрвак Еурофарм Пелистер е третиот тим што веќе пристигна во Струга каде денеска почнува јубилејното 50. издание на турнирот „Струга 2022“. Битолчани се актуелни вицепрваци на Струга, и 12. кратен победник на турнирот.

Еурофарм Пелистер денеска го почнува турнирот со домаќинот Струга во 17 часот. Тие се во група со АЕК и Татран Прешов.
Први во Струга пристигнаа ракометарите на Целје и Татран Прешов.

Еурофарм Пелистер пристигна во Струга