Кизиќ е мајстор за пенали – еве го последниот што го „фати“ против Нексе (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер со новиот стручен штаб со Александар Јовиќ и Звонко Шундовски оствари триумф над Нексе, 27-23 и гоо освои второто место во групата од СЕХА лигата. Јунак на мечот беше голманот Марко Кизиќ кој одбрани пенал во последните секунди и со победа од четири гола, битолчани го избегнаа Загреб во четвртфиналето, а го испратија Нексе на хрватски двобој. Кизиќ претходно им одбрани два пенали на гостите, а еден удар промашија. Погледнете ги најдобрите моменти од овој меч и последната одбрана на Кизиќ...