Дупјачанец за 24 Ракомет ТВ: Поразот од Тиквеш нè освести, денеска реми немаше да биде незаслужено (ВИДЕО)

Металург претрпе минимален пораз на вториот натпревар на 49. издание на Струшкиот турнир против Еурофарм Пелистер со 24:25, но ова беше средба на која можеше да се обезбеди и повеќе. Најискусниот во тимот, Даниел Дупјачанец смета дека немаше да биде незаслужено ако освоеја бод или дури и да победеа бидејќи одиграа многу подобро после вчерашната шлаканица од Тиквеш. Комплетната изјава можете да ја слушнете и погледнете во видеото.