Дибиров – човек атракција: Се заврти за 360 степени и постигна гол (ВИДЕО)

Тимур Дибиров изминатиот викенд беше дел од ревијалниот натпревар по повод 20 години постоење на Чеховски Медведи како дел од “ѕвездената“ екипа, односно играчи што во минатото играле за овој клуб. Руското лево крило ги почести гледачите во салата во Чехов со еден потег од неговиот репертоар. Тргна во контра, се заврти за 360 степени и постигна погодок во мрежата на „мечките“. Погледнете....