Дибиров за 24Ракомет ТВ: Среќен сум зошто за мене Вардар е повеќе од клуб (ВИДЕО)

Вардар триумфираше над Тиквеш со 37-25 во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф и ја одбрани титулата во Суперлигата. Иако се соочува со бројни предизвици и имаа два кикса против битолските екипи, вардарци сепак најдоа сили да останат на шампионските патеки. Голем придонес во одбраната на титулата имаше левото крило од Русија, Тимир Дибиров, кој на најважните натпревари беше меѓу главните алки во дресот на „црвено-црните“. Дибиров изјави дека задачата за одбрана на двојната титула воопшто не била лесна, но како пресуден фактор за одбрана на титулата го истакна искуството на неговиот тим. Целата изјава на Дибиров може да ја погледнете на видеото во продолжение.