Дејвис за 24Ракомет ТВ: Задоволен сум, искуството да нѐ научи на помалку грешки (ВИДЕО)

Вардар со победата над Тиквеш од 12 гола разлика, 37:25, успеа да ја одбрани дуплата круна и уште еднаш го задржа епитетот - најдобра македонска екипа, освојувајќи ја 15. титула во својата клупска историја, односно седма титула во низа, со исклучок на сезоната 2019/20, која што беше прекината поради ковид пандемијата. Тренерот на Вардар, Давид Дејвис, кој го презеде кормилото на „црвено-црните“ кога најмногу требаше и целосно го „препороди“ тимот, изјави дека е многу задоволен од постигнатиот успех за кратко време. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот.