Голубовиќ: Одличните подготовки беа причина за добриот старт на Струшкиот турнир (ВИДЕО)

Струга не признава фаворити, а тоа го покажа и дуелот меѓу Татран и АЕК. Грчкиот тим кој пред некоја година победи во Струга и има амбиции да има запазена улога во европските купови тргна со пораз. „Реновираниот“ Татран на домашен погон покажа дека најважно е да се биде секогаш на ниво без разлика против кого се игра. Еден од предводниците во победата на Татран Прешов беше поранешниот играч на Металург и Пролет, Ѓорѓе Голубовиќ, кој истакна дека одличните припреми биле причината за добриот старт на Струшкиот турнир. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на десниот бек на Татран Прешов.