Голманот си најде занимација во Египет – добредојдовте во фризерскиот салон „Силвио“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Германија имаше лесна задача во првото коло на Мундијалот кога беа подобри од Уругвај со 43:14. Добрата атмосфера во екипата продолжи во слободниот ден кој репрезентативците на Германија го искористија да ги средат своите фризури. Во импровизираниот фризерски салон на отворен Силвио Ханефетер беше фризерот кој се грижеше за своите соиграчи. Како изгледаше тоа и колку беше внимателен фризерот можете да погледнете во видеото.