Гледајте го натпреварот Младост 1977 – Работнички (ЛИНК)

Денеска се игра претпоследното коло од есенскиот дел во Групата Б од Супер машката лига. Во Богданци се среќаваат составите на Младост 1977 и Работнички во натпревар кој не решава ништо и е само за меѓусебен престиж. Ова ќе биде дуел за надигрување кој нема да донесе ништо во однос на трката за плеј оф. Средбата се игра во салата „Млаз“, а почнува од 19 часот исто како и другите две средби.