Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Тиквеш – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Со натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер почнува третиот ден на Струшкиот турнир на кој денеска е последната шанса за пласман во финалето. Тимот од Битола е фаворит на оваа средба која почнува од 19 часот така што очекувањата се да има предност против кавадарчани. И двете екипи имаат победи од дуелите со Металург, па нивниот натпревар ќе го одлучи првопласираниот во Групата 2.