Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Бутел Скопје – Прилеп (ЛИНК)

Денеска се игра претпоследното коло од есенскиот дел во Групата Б од Супер машката лига. Во Скопје гостува тимот на Прилеп, кој ќе се соочи со составот на Бутел Скопје. На гостите им е потребна победа за да можат да дојдат до продолжување на надежта за пласман во плеј-офот. Секој друг резултат освен победа ги остава прилепчани без шанси за плеј-оф, додека Бутел Скопје веќе си го има визирано местото во групата на екипи кои напролет ќе се борат за титулата. Средбата се игра во салата „Антон Димитров“ во Скопје, а почнува исто како и другите два дуели од 19 часот.