Гичевска за 24Ракомет ТВ: Доколку имаме и најмала шанса за следна фаза, ќе ја искористиме (ВИДЕО)

 

Македонија заедно со Црна Гора и Словенија од денеска се домаќини на Европското првенство во женска конкуренција. Македонија е во група со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. Прв предизвик за ракометарките на Македонија ќе биде утрешниот дуел против олимпискиот првак Франција. Членката на Локомотива Загреб, левиот бек Леонида Гичевска на денешниот разговор со медиумите изјави дека и најмалата шанса за пласман во следната фаза ќе биде максимално искористена. Целата изјава на младата ракометарка може да ја погледнете на видеото во продолжение...